Вчера вечерта, градоначалникот Коњановски и директорката на болницата д-р Ненси Лозанче излегоа на терен, каде ТППЕ Битола интервенираше на опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение
Вчера вечерта, веднаш по добиената информација за опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски”, битолскиот градоначалник заедно со директорката Д-р Ненси Лозанче, излегоа на терен каде ТППЕ Битола веќе интервенираше и ја локализира и угасна опожарената површина.
Со брзата интервенција на противпожарната единица и поддршка од обезбедувањето на болницата, спречено е ширење и опожарување на околните објекти и не е причинета матерјална штета.


















