Вчера, достоинствено со почит и гордост, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ го одбележa својот Патрон празник

Сподели го ова:





























Вчера, со гордост и почит, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ го одбележa својот Патрон празник. Прославата беше започаната со свечено полагање на свежо цвеќе пред бистата на Кузман Јосифоски – Питу, оддавајќи му почит за неговиот придонес во борбата за слобода и подобра иднина, а потоа прославата продолжи со традиционална Свечена академија.

“Овој ден е потсетник дека знаењето е нашата најсилна моќ, а патот кој го трасирал Кузман е патот по кој продолжуваме да чекориме кон нови успеси во економијата, правото, трговијата и туризмот. Нашите ученици и наставници подготвија богата програма исполнета со: музички настапи, рецитали и креативни изведби. Честит Патрон празник на сите ученици, професори и вработени! “ – порачаа од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“.




Сподели го ова:

Слични објави