Традицијата продолжува: По 6-ти пат на Плетварското езеро ќе се одбележи празникот Водици
Во понеделник на 19-ти јануари на празникот Богојавление-Водици, на Плетварското езеро ќе се продолжи традицијата со капење во осветените води во ова езерце.
Се очекува голем број на прилепчани да влезат во осветените води, и да бидат дел од оваа традиција која оваа година е по шести пат.
Настанот започнува на 19-ти јануари во 11 часот.


















