Ноќ за паметење во Прилеп! Битолскиот Народен театар, синоќа ја воодушеви прилепската публика со незаменливата “КоКоШкА”
Вчера вечерта, НУ Народен театар Битола, по повод 75 годишниот јубилеј од формирањето на прилепскот народен театар “Војдан Чернодрински”, гостуваше во Прилеп со претставата ,,КОКОШКА”.

Публиката уживаше во ова извонредно театарско дело, одлична претстава во која улогите ги толкуваа: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски и Николче Пројчевски.

Честитки до битолскиот Народен театар, кој синоќа во Прилеп приреди ноќ за паметење.
Театарот е повторно твој!!


















