Уапсен е битолчанецот кој не сакаше да оди во затвор! Апсење на ул.„Караорман” во Битола
На 05.02.2026 во 09:40 часот на ул.„Караорман” во Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.В.(26) од Битола.
Тој бил баран за издржување на казна затвор од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната – информира МВР.


















