Трајанов и Михаилов со поддршка на правата на вработените! Одржана е средба со претставници од Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетиката

Денеска, во просториите на дирекцијата на јавното претпријатие “Македонски Шуми”, Генералниот директор Здравко Трајанов и Заменик генералниот директор Кире Михаилов, одржаа работна средба со претставници од Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетиката. На средбата беше разговарано за актуелната состојба, како и за тековните проблеми на вработените и нивно надминување.
На оваа средба беше дадено ветување дека новото раководство со помош на Владата на МАКЕДОНИЈА, ќе изнајде решение со кое претпријатието и вработените ќе излезат од лошата состојба во која е оставено претпријатието.
Повеќе од очигледно е дека денес новото раководство гради партнерски рамноправен однос со сите вработени, каде место за криминалци и неработници во Ј.П. “Македонски Шуми” нема да има!