Што ли се случува?? Во Прилеп, уште еден нов, ТРЕТ случај со повреден малолетник кој возел мопед

Сподели го ова:































На 05.05.2025 во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави