Традиционална изложба на рачно-изработени маски – Карневал „Прочка 2025“
Денес, во градот под Марковите Кули беше реализирана традиционалната изложба на рачно-изработени маски, по повод Карневалот „Прочка 2025“!
Учениците, со својата креативност и труд, уште еднаш ни покажаа колку уметноста и традицијата можат да создадат магија.
Честитки до сите наградени ученици и нивните наставници! Вашата посветеност и инспирација се вистински пример за тоа како љубовта кон уметноста може да донесе прекрасни резултати.Продолжете да творите, да истражувате и да внесувате свежи идеи во секој нов предизвик. Ве охрабруваме и во иднина да работите со истата енергија и посветеност – вашите креации се вистинска гордост! Благодариме на сите што учествуваа и што ја направија оваа изложба посебна! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.


















