ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: На Василица, сите во Прилеп
Почитувани сограѓани, сакам да Ве поканам во името на Општина Прилеп, во сабота на 13-ти јануари, ден пред големиот празник Св. Василиј Велики-Василица или уште како и што народски си ја викаме православна Нова Година во 12:00 часот на платото пред градскиот саат заедно да го одбележиме празникот, почитувајќи ги нашите вековни обичаи.
Целта е овие прекрасни наши христијански празници и обичаи да ги изнесиме надвор помеѓу народот и да ги одбележиме заедно.
За среќниот добитник следува пригоден и симболичен подарок. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои што се веќе вклучени и го поддржуваат овој настан, а се разбира дека секој е добредојден кој што сака да го помогне и поддржи овој настан, затоа што ова се прави за сите граѓани на Прилеп и за заедништво во нашата општина – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.