Стојаноска: Оваа власт народот го депримира, активната блокада продолжува додека не се одржи лидерска средба

Сподели го ова:
























„Оваа власт народот го депримира, го пикна позади врати дома, уплашен, обесхрабрен. Значи едноставно нема волја да се бори за својот живот. И овие од власта си земаа толкав замав што мислат дека се несовладливи и никој ништо не им може. Ама, самите заглавија овие од власта, заглавија во својата неспособност“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Стојаноска додаде дека граѓаните треба да се охрабрат и да си ги бараат своите права. Еве и таа како личност но и како политичарка, еве и партијата ВМРО-ДПМНЕ исто така даде поддршка на штрајкувачите од областа на образованието, труд и социјала. Значи народот треба да се охрабри.

Во текот на своето гостување Стојаноска потсети и на криминалите и злоупотребите на власта еден од примерите беше и 33-те милиони евра за Гама и Макпетрол. – „Од државата се црпеа 33 милиони евра предминатиот декември за Гама и Макпетрол. За 33 милиони евра ние до осум часот сабајле и преку ноќта седевме за народни пари. И тоа беше случај судски спор да го реши Собрание. Не апсурди, не преседани, значи ние имаме класични кршења на закони од страна на оваа Влада“, потсети Стојаноска.

„За оваа активна блокада на ВМРО-ДПМНЕ треба да е загрижен Ковачевски, бидејќи во Парламентот нема да му помине ништо“, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека излез од оваа ситуација во која што се наоѓаат граѓаните на Македонија се избори.

„Претседателот Мицкоски мислам дека даде еден коректен временски период за Ковачевски да прифати, тоа беше до 10-ти мај. Но не се прифати од страна на Ковачевски. И почнуваме со активна блокада. Но, ако е тој со цврст став ние продолжуваме со блокадата. Еве вчера цел ден не успеаја Дневен ред да усвојат. Вчера поминаа наши 12 пратеници за барање за измени и дополна на Дневниот ред, а остануваат уште 25“, појасни Стојаноска.

„А, што се однесува до Талат Џафери и неговите итроштини и тие се веќе истрошени. Вчерашниот ден е голем дебакл најпрвин за него. Бидејќи тој е нели првиот помеѓу останатите 119 пратеници во Парламентот, и како претседател апсолутно сметам дека потфрли на вчерашниот ден бидејќи не успеа да стигне до усвојување на Дневен ред. А, најмногу потфрли на што јас најмногу навистина сум изненадена кога проба повикувајќи се на никаков член во Деловник да каже дека гласањето за усвојување на измени на Дневен ред ќе го одложи. Ако тоа се одложи тогаш каква седница ќе се одржи“, запраша Стојаноска.

Стојаноска додаде дека владејачкото мнозинство вчера влезе во ќорсокак. Но, исто така се осврна дека Парламентот не функционира веќе подолго време поради неспособноста на владејачкото мнозинство, тие едвај собираат кворум за да се одржи седница, а за тоа доказ и беше вчерашната седница кога се доцнеше час и 40-тина минути, седницата вчера поради владејачкото мнозинство не започна навреме. Во текот на своето гостување се осврна и за неодржувањето на седница на пратенички прашања веќе подолг период. По, девет месеци се одржа седница на пратенички прашања.

„Во Парламентот цели девет месеци не беше одржана седница на пратенички прашања. Околу 28 или 30 јули 2021 година беа последните пратенички прашања. И еве да речеме во август месец имало колективен одмор иако не е оправдување затоа што после Илинден до 20-ти август е отприлика одморот. Значи можело да има пратенички прашања. Ајде да речеме септември е предизборие, а во октомври е постизборие. Ајде после тоа Заев дава оставка, не дава оставка, трагикомедија. Ајде после се формира Влада па после повторно непишано правило е ова 100 дена да и се даде шанса на Владата на Ковачевски за да има пратенички прашања. Значи тоа се само изговори и бегања од соочување со јавноста. И видовте на оваа седница кога се одржаа пратеничките прашања министрите му подаваа ливчиња на Ковачевски за да одговори“, појасни Стојаноска.

Стојаноска потсети дека овој премиер воопшто не бил на избори, тој не беше избран од граѓаните на Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави