Споделувајте! Повеќе од 24 часа е исчезната прилепчанката Биљана Јандреска Андоноска! Секоја информација е добредојдена!!
До нашата информативна редакција пристигна известување дека младата прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска е исчената повеќе од 24 часа, а според информациите на семејството последен пат е видена со својот автомобил Audi A4 во с. Крушеани. Доколку некој ја има забележано, или пак има некоја информација која е поврзана со Биљана, јавете се на 075/ 441-485. Eве што се вели во објавата од нејзиното семејство:
“Луѓе мои помагајте Ве премолувам. Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива “- стои во објавата на близок член од нејзиното семејство.