Во чест на нашиот ангел! На 12-ти октомври натпревар во пеење со песните на Тоше

Сподели го ова:


























На 12 октомври 2024 година, во Македонската опера и Балет, во организација на „Естрада мултимедија центар“ првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.

На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел…

Натреварувачите ќе настапат првo во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале, во кое ќе учествуваат сите оние што ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.

Влезниците, кои се во ограничен број, веќе се пуштени во продажба и се продаваат по цена од 400 денари за билет.




Сподели го ова:

Слични објави