г.г. СТЕФАН: „Крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“
По повод чествувањето на 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје се одржа панихида со која што чиноначалствуваше г.г. Стефан. Во однос на денешната моментална ситуација, г.г. Стефан истакна:
„Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас, дали не смета за родољубци подготвени да ги бранат неговите аманети. Гоце и многубројните комити и борци сѐ дадоа за слобода на татковината, а што даваме ние. Љубовта кон татковината се потврдува само со дела, крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“ – истакна поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.