СООБРАЌАЈОТ Е ВО ПРЕКИН: Kај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи
Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Раец, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин.
На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.
Се преземаат мерки за расчистување –информираат од АМСМ.




