Социјален дијалог помеѓу Општина Прилеп, претставници од Регионалната стопанска комора и директорите на средните училишта во Прилеп
На иницијатива на Локалната самоуправа, беше остварен социјален дијалог, заедно со директорите на нашите средни општински училишта и претставници од Регионалната стопанска комора и стопанственици од општина Прилеп.
Нашата цел е да се согледаат реалните потреби од квалификуван кадар на пазарот на трудот. Како Локална самоуправа сме задоволни што од оваа средба излегоа конкретни предлози за збогатување на понудата на образовни профили во нашите средни стручни училишта. Предлозите и конкретните барања ќе ги доставиме до МОН за наредната учебна година. Се надеваме дека со ваков чекор ќе успееме да привлечеме што повеќе ученици во средните стручни училишта а со тоа да придонесеме што повеќе образовани и квалификувани работници да одговарат потребите на пазарот на трудот. Продолжуваме да делуваме и да ги подобруваме условите за одвивање на воспитно образовниот процес! – информираат од Општина Прилеп.