Синоќа, во Завод и музеј – Битола, беше отворена 71. традиционална изложба на Здружението на копаничари на Македонија, во рамките на 56. „Илинденски денови“
Дрвото памети.
Рацете на мајсторите оставаат траги што траат подолго од времето.
Синоќа, во Завод и музеј – Битола, беше отворена 71. традиционална изложба на Здружението на копаничари на Македонија, во рамките на 56. „Илинденски денови“.
Изложба на прецизност, трпение и знаење што не се учи брзо. Се наследува, се усовршува и се остава на следните генерации. Во секој рез, орнамент и детал живее дел од македонската традиција. Галерија од отворањето низ фотографското око на Диоген Хаџи Коста Милевски и Сашо Ставрев – стои од ФБ објавата на “Илинденски денови”.


















