ШТРАЈК ВО МАКЕДОНСКИ ШУМИ – работниците два месеци немаат земено плата!!!
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк кој што ќе почне од 7-ми март, и истиот ќе трае сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“. Ова претпријатие вработи нови 400 лица, се соочува со тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси.
Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП Иван Пешевски.