Секоја чест за Мавровски и неговите актери! Синоќа во МНТ, битолскиот театар ја воодушеви присутната публика
Синоќа во 20:00 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, гостуваше претставата на Народен театар – Битола, „Црно семе“, по романот на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски.
Сите оние кои синоќа ја гледаа оваа извонредна претстава во МНТ, беа дел од ова големо театарско сведоштво за одличен театарски тим и одлична театарска претстава.
„Црно семе“ е силна и потресна сценска приказна за човековата издржливост, за страдањето и надежта, за достоинството што опстојува и кога сè друго е одземено.

ЦРНО СЕМЕ
Ташко Георгиевски
Режија: Андреј Цветановски
Драматизација: Јелена Цветановска
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Сценски движења: Дамјан Цветановски
Музика: Димитар Андоновски
Дизајн на светло: Никола Ѓоргиевски
Дизајн на звук: Александар Димовски
Светло мајстор: Горан Петровски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Димитар Михајловски
Играат:
Доне Совичанов – Мартин Мирчевски
Христо Согламов – Огнен Дранговски
Парис – Васко Мавровски
Марко Кизовски – Никола Стефанов
Грчето Нико – Петар Спировски
Димо – Никола Пројчевски
Ѓорѓи – Хари Михајловски
Јане – Александар Стефановски
Капетан Скалумбакис – Петар Горко
Потпоручник Маки – Борче Ѓаковски
Наредник – Живко Борисовски
Ангелина – Марија Цветановска
Коле Крокаровски – Александар Димитровски
Офицер – Александар Копања
Грчки војници:
Давид Балтовски
Филип Стефановски
Виктор Крстевски
Александар Ѓоргиовски


















