Проданоски го уредува последниот неуреден простор од прилепскиот плоштад на кој ќе се постави нова урбана опрема
Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски денеска изврши увид на реконструкцијата и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 м² – последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто, каде ќе се постави и нова урбана опрема.
“Средствата во висина од 16.356.730 денари се обезбедени преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Република Македонија.
Со повеќе од 20 нови клупи, ново зеленило, корпи за отпадоци, декоративни елементи и уредување на постојните парковски делови, овој простор ќе добие целосно нов лик, функционален, уреден и естетски привлечен.
Создаваме пријатно и безбедно место за пешачење, дружење и секојдневен живот на прилепчани, но и достојна слика за сите посетители на нашиот град.
Прилеп заслужува уреден центар, ние тоа го реализираме чекор по чекор” – истакна Проданоски.


















