Градоначалникот Чонески повторно во акција – не знае да мирува! За Крушево се обезбедени над 1100 канти за собирање на отпад
Само 10-тина дена откако е официјално градоначалник на Општина Крушево, повеќе од очигледно е дека Нико Чонески не знае да мирува, и повторно се впушти во нова акција. Имено, за Крушево се обезбедени над 1100 канти за собирање на отпад.

“Почитувани сограѓани, во рамките на проектот „Набавка на опрема за собирање на отпад и трансфер станици во ПЈЗ регион“ во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, набавени се 1131 пластична канта за собирање на отпад и тоа:
– Канта од 120 литри – зелена – 531 парче
– Канта од 120 литри – жолта – 600 парчиња.
Мојата највисока цел како Градоначалник на Општина Крушево, но и на сите наши сограѓани мора да биде почиста и поздрава животна средина. Ние се обврзавме дека секојдневно ќе работиме во таа насока, а реализацијата на ваквите проекти е уште еден доказ дека решавањето на овој проблем е наш врвен приоритет. Посебна благодарност до Министерството за просторно планирање и животна средина и заменик министерката Ане Лашкоска – порача Чонески.

All reactions:
65















