СЕ ТЕПАЛЕ ЗА ДЕВОЈКА? Тепачка во прилепски угостителски објект

Сподели го ова:






























Денеска (27.08.2022) во 01.15 часот во МВР било пријавено дека во прилепски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир, како резултат на меѓусебна пресметка помеѓу две групи на лица.

Веднаш после овој настан, лицата кои учествувале во тепачката биле отстранети од угостителскиот објект.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот, а низ прилепската чаршија во текот на денов “на големо се шушкаше” дека тепачката настанала за девојка, меѓутоа ваквиот мотив за тепачката сеуште не е потврден од страна на надлежните институции.




Сподели го ова:

Слични објави