Регулаторната комисија денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. Дали ќе има зголемување или пак намалување на цената – останува да видиме. Колку за потсетување, РКЕ последниот пат одлучи да се намали цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари, додека пак бензините последниот пат беа намалени за 2 денари. Моменталните-актуелни цени на горивата се следни:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 96,50 денари /литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98 99,00 денари /литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС – 97,50 денари /литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 денари /литар
Мазут М-1 НС 52,466 денари/килограм