Прилепскиот градски часовник, е душата и срцето на градот! Со секое негово отчукување се одбележува времето кое минува во градот под Марковите Кули
Градскиот саат во градот под Марковите Кули, денес претставува симбол на градот кој што го краси центарот на Прилеп. Истиот е изграден во турско време, а почетокот на неговата изградба започнува во далечната 1863 година, на местото кое тогаш било познато под името “Шукуроски Ливади”.
При самата градба, односно уште кога мајсторите почнале да ги копаат темелите се појавила голема вода, а при самиот процес на работа мајсторите влегле длабоко во водата околу шест метри и откриле дека точно тука, извира извор, кој со чакал и камења истиот бил успешно затрупан.
Градскот часовник во Прилеп се градел цели 12 години, а откако бил изграден, мајсторите на предната страна од часовникот напишале: „Секое удирање на саатот човекот треба да се сети, оти животот му се крати!“ Денеска, прилепскиот градски часовник, е душата и срцето на градот! Со секое негово отчукување се одбележува времето кое минува во градот под Марковите Кули.