По повод Светскиот ден на детето, прилепскиот детски фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” упати искрена честитка до сите деца

Сподели го ова:


























Денеска се одбележува Светскиот ден на детето, кој за главна цел има да го сврти вниманието на широката светска јавност за сите обврски кои што самото општество ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата насекаде во светот. Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” по повод денешниот светски ден упатува искрена детска честитка до сите деца во светот по повод Светскиот ден на детето. Имено, детските права како дел од човековите права им припаѓаат на сите деца без оглед на нивното национално или етничко потекло, пол, род, боја на кожа, религија, возраст, попреченост, сексуална ориентација, родов идентитет, јазик или кој било друг статус.

Човековите права се меѓуповрзани, меѓузависни и неделиви. Тие се универзални и се гарантираат со закон, конвенции, обичајно и меѓународно право, со општи принципи и со други извори на меѓународното право. Конвенцијата з аправата на децата (КПД) е најшироко ратификуваниот договор за човековите права во светот, клучен обврзувачки инструмент кој ги вклучува граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права на децата. Според Алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата, од 2020 година, во Македонија голем број деца се без документи за идентификација, немаат пристап до основни здравствени услуги, илјадници деца се надвор од образовниот систем, голем број девојчиња стануваат сопруги и мајки пред полнолетството, долга е низата на проблеми и кршења на детските права.




Сподели го ова:

Слични објави