|

ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: Клубот по естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД”-Прилеп, од Србија се врати со грст медали кои ги освои на меѓународниот куп “ЕВИТА КУП”-Свилајнца Србија

Сподели го ова:


























Клубот по естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” се закити со грст медали на меѓународниот куп “ЕВИТА КУП”-Свилајнца Србија. Станува збор за турнир со 500 учесници каде настапуваат голем број на учесници од соседните држави, од познати и доста успешни клубови во Србија.

Овој наш, прилепски клуб се избори за следните места во различни категори:

1.Марија Тошеска категорија 2010 реквизит обрач – второ место

2.Јована Везенкоска категорија 2013 реквизит обрач – трето место

3.Илина Кузманоска категорија 2014 топка – прво место

4.Теa Петреска категорија 2011 јаже – прво место

5.Јана Димоска категорија 2012 обрач-четврто место

6.Галена Ацеска категорија 2013 без реквизит – седмо место

7.Мелани Ристеска категорија 2014 без реквизит – 15 место

8.Анастасија Нешкоска категорија 2010 реквизити лента и обрач 20 место

Кога имате што да покажете, не постои ништо подобро од предизвик, а вашиот предизвик мошне успешно и вредно го совладувате, со голема желба и макотрпна работа полека но сигурно, го достигнувате врвот на овај прекрасен спорт, спортски и силно како вистински ШАМПИОНИ!!!




Сподели го ова:

Слични објави