Прилепчанец e пронајден мртов во нива, со прострелна рана во градниот кош
Вчера утрото во 07:33 во СВР Битола добиена е пријава врз основа на која А.В. од прилепското село Беровци во атарот на селото, односно во една од нивите во селото го пронашол неговиот татко С.В. (68) од с.Беровци како лежи мртов во нива со прострелна рана во градниот кош.
Извршен е увид од страна на увидна екипа на МВР, а телото на починатото лице е предадено на обдукција.


















