Прилеп започнува да празнува! Денеска, точно на пладне започнува новогодишната програма на плоштадот Александрија

Сподели го ова:





























Во Прилеп, денеска на 31.12.2024 година во 12 часот, новогодишната забава започнува на плоштадот Александрија со детска дневна програма, која ќе биде исполнета со музичките хитови од детските музички ѕвезди од фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA” – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД!!

Повеќе од очигледно е дека и оваа година ќе биде весело, разиграно и распеано во центарот на Прилеп, каде во еден глас ќе се пеат хитовите од последното фестивалско издание од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.

Вечерва, исто така, прилепчани ќе уживаат во незаборавна музичка програма со:
• Cyrillic, најпознатото DJ дуо во Македонија, кое ќе го загрее новогодишниот дух со неверојатна енергија и хитови!
• Балканика Бенд и маестралниот вокал на Сашо Башески, кои ќе го донесат магичниот звук на Балканот директно на нашата сцена!




Сподели го ова:

Слични објави