67 ГОДИНИ БЕЗ ЧЕНТО: Проданоски се поклони пред бистата на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ

Сподели го ова:
























„Верував во сѐ, но не верував дека мои ќе ми судат за Македонија!“

Еден од “двата наjчитани прилепски информативни портали– СТАНИЦА.МК, секогаш известува за најновите настани и случувања во градот под Марковите Кули, па врз основа на тоа, над 37.000 прилепчни постојано ја следат СТАНИЦА.МК како ОФИЦИЈАЛНИ следбеници на нашата Facebooк страна. Од градот под Марковите Кули, ни доаѓа уште една информација а тоа е дека денеска Делегација на Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, како и пратеникот Дејан Проданоски, положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот. Оддавањето почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, е по повод одбележувањето на 67-годишнината од неговата смрт.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.

Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебниците, а и јавните разговори за него биле најстрого забранувани. Во 1990 година, по осамостојувањето на Македонија, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, судот ја повторил кривичната постапка против Ченто, при што одлуката на судот од 1946 година била укината. Постхумно е одликуван со “Орден на Република Македонија”, признание кое го имаат само поранешните претседатели на Македонија.

Така завршува епопејата за еден од најголемите борци за македонско национално единство, осудуван и прогонуван за неговиот вечен идеал и стремеж за самостојна и независна држава.

Нека му е вечна слава!




Сподели го ова:

Слични објави