Прилеп ќе живее во духот на карневалската магија! Пријавете се за учество на Карневалот “Прочка 2026” 

Сподели го ова:





























Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и останатите градови и населени места од Република Македонија, со особен акцент на основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија и останати креативци да земат учество на манифестацијата Меѓународен Карневал „Прочка 2026“, која ќе се одржи во Прилеп, на 21/22. февруари 2026.
Вашето учество со групни и поединечни маски ќе ја збогати програмата на карневалот и воедно ќе придонесе за креативен израз во поглед на негувањето на културното наследство и традицијата.
Потврда за присуство и број на учесници потребно е да се пријави најдоцна до 16.02.2026 на email: sneze.risteska.pp@gmail.com, на snezana.risteska@prilep.gov.mk или лично во просториите на Општина Прилеп.
Пријавата може да се преземи од линковите:

Пријавата може да се преземи од линковите: www.karnevalprilep.mk

www.prilep.gov.mk .

За сите останати информации достапен е следниот контакт:
Снежана Ристеска
076 432 953




Сподели го ова:

Слични објави