Пријавете се и Вие! Прилепчанката Емануела по втор пат ќе пее на “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:


























Прилепчанката Емануела Кадинец која има само 5 години, задоволна од соработката со Детскиот музички фестивал Весели Ѕвончиња by JANA, се пријави повторно да учествува на седмото фестивалско издание кое ќе се случи наредната 2025 година, а веќе се работи на нејзината најнова песна.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/ 867-169.

Колку за потсетување, Емануела заедно со нејзините другарчиња имаа одлична кореографија на годинешното 6-то фестивалско издание на највеселиот и најатрактивниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, каде имаа одличен настап.

Имено, оваа кукличка како оваа година, така и наредната, ќе има екстра детска песна, за која музиката и текстот повторно ги прави Уметничкиот директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така и оваа најнова песна ќе си добие и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски од групата Меморија.




Сподели го ова:

Слични објави