ПОГЛЕДНЕТЕ: Ова е она кога ќе ти речат “да ти е мерак да одиш на школо”! Дворот на OOУ “Климент Охридски” уште повеќе блеска!

Сподели го ова:


























Уште една убава вест! Иако е летен распуст, ООУ “Климент Охридски” – Прилеп сепак работи на разубавување на училишниот двор, како од естетска, така и од уметничка гледна точка.

Имено, оградните ѕидови од ова училиште, сега се насликани со прекрасни слики, кои ќе ве остават “без здив”.

Токму учениците, се тие кои со доаѓањето на првиот училишен ден, од септември ќе уживаат во оваа убавина.

Станува збор за совршен, уметнички спој, каде сликарството, детските ликовни замисли и ликовната естетика, направија дворот од ова прилепски училиште уште повеќе да блеска!




Сподели го ова:

Слични објави