Погледнете! Одличен целовечерен концерт на октетот „Прилеп“
Целовечерен концерт на октетот „Прилеп“ – вечер исполнета со музика, песна, емоции, елеганција, топла атмосфера и боемија.
Големата сала на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп беше место на спој на генерации, вредности и сензибилитет, обединети и облагородени од срдечниот настап и староградскиот музички амбиент кои ги приредија октетот и нивните гости.

Публиката, понесена од атмосферата, активно се придружи во песната.

















