ПОГЛЕДНЕТЕ: Еве како вечерва изгледаше спектакуларниот огномет во Прилеп по повод празникот “11-ти Октомври”

Сподели го ова:


























Вечерва, продолжи официјалната програма по повод одбележувањето на државниот празник “11-ти Октомври” на камената бина со одлична програма, а нешто подоцна преку официјален празничен говор, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески им го честита празникот “11-ти Октомври на своите прилепски граѓани”.

Говорот на Јовчески беше проследен со внимание од страна на неговите сограѓани, кои што на крајот го поздравија со аплауз. Веднаш после говорот на градоначалникот, започна импровизираниот напад на градот, а потоа следеше и спектакуларен огномет, кој што вечерва направи извонреден колаж од бои на небото над Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави