Почина балканската музичка ѕвезда Халид Бешлиќ
Во Сараево, во 71-та година од животот почина фолк-ѕвездата Халид Бешлиќ, кој зад себе остави многу хитови слушани на целиот простор на поранешна Југославија. Роден е во 1953 година, во селото Врапци во Босна.
Халид со години наназад имаше сериозни проблеми со здравјето. До последниот ден од својот живот беше голем оптимист, надевајќи се на оздравување. Семејството на Халид, следните денови ќе го соопшти датумот на неговиот погреб.
















