ГИР ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО: Изразуваме загриженост за сегашниот развој во правосудството
Евроамбасадрот во земјава Дејвид Гир, искажа загриженост за сегашниот развој во правосудството:
За Европската Унија, како што кажав владеењето на правото е фундаментално и ако имате компромитирано судство тоа ќе влијае во иднина на обидите на консолидирана демократија и градење на напредна и развиена економија. Сериозно и одблизу ги следиме случувањата во правосудството. Нема да навлегувам во деталите од Судскиот совет не сум упатен во нивните дискусии, и не би било прикладно да го правам тоа но би го кажал следново – Судскиот совет е многу важно тело, одговорен е за промовирање и одбрана на независноста, интегритетот и професионалноста на судиите и затоа е важно што работи, какви одлуки носи и како се однесува….
…Како што кажав нема да шпекулирам, за конкретните случувања во Судскиот совет, тоа е нешто што тие треба да го регулираат, но ќе кажам дека е многу важно, сите членови на Судскиот совет секогаш да дејствуваат со потребното ниво на непристрасност и во интерес и обезбедување независно и професионално судство кое дејствува со интегритет. Не затоа што тоа го бара Европската Унија, туку затоа што е во интерес на граѓаните – изјави вечерва евроамбасадрот во земјава Дејвид Гир на ТВ Сител.