Пинокио во Прилеп! На 27.10.2024 (недела) уживајте во театарската магија на претставата “Пинокио”
Пинокио, претставата која што по неколку пати ги полни салите низ Македонија изминатите два дена (четвртокот и петокот) беше изведена во НУЦК Марко Цепенков. Станува збор за претстава која беше креирана со одлични професионални маски, и истата беше збогатена со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас заедно пееа и се радуваат сите деца во Прилеп.

После одиграните претстави во повеќето градови во Македонија (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа ја имаа слатките прилепчанчиња, а за оние кои не успеаа да дојдат до билети, закажана е уште една претстава и тоа на 27.10.2024 НЕДЕЛА, со почеток во 12 часот. Билети за претставата може да си набавите во иготеките Моја Бајка, Kids Party и Дизни во зграда Табана. Ве покануваме сите заедно да се дружиме и да уживаме во песните и театарската магија која ќе ви ја приредат Пинокио и неговата дружина.
Се гледаме на претстава!


















