Паднал на улица и починал, а таа се доближила до него и му ги зела парите

Сподели го ова:
























На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54) од Велес одзела пари. Имено, според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите.

Таа е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави