Означен почетокот на велосипедската трка „Сава Мариово Тур 2024“
Утрово во Прилеп, беше означен почетокот на велосипедската трка „Сава Мариово Тур 2024“.Оваа трка, која по трет пат се одржува во нашиот град, веќе се позиционира како значаен спортски настан и можност за сите љубители на велосипедизмот – од натпреварувачи до рекреативци – да уживаат во убавините на нашето Мариово.
Патеката што води до Расимбегов мост и назад ќе биде вистински предизвик за сите учесници, но и одлична можност за заедничко уживање во спортот, природата и дружењето.
Упатувам голема благодарност до организаторите, особено до генералните спонзори Сава групацијата, како и сите вклучени во реализацијата на оваа трка, кои со својата посветеност овозможуваат Прилеп да биде домаќин на вакви значајни настани.