ООУ “Рампо Левката” – Прилеп со одлична еко акција за почиста и поубава училишна средина
По повод 21 Март – Денот на пролетта и Денот на екологијата, во ООУ Рампо Левката се реализираше еко акција за почиста и поубава училишна средина. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена.
.Секој поединец може многу да придонесе со својот личен пример и однесување кон животната средина.Пролетта нека ја разбуди еколошката свест и љубовта кон природата во секој од нас! – порачаа од ООУ Рампо Левката.
Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина.


















