ООУ “Рампо Левката” – Прилеп со хуманитарна акција во соработка со Детската амбасада „За сите деца во светот”
Новогодишните празници се период на дарување, споделување и несебично давање поддршка на оние на кои им е најпотребна. И овој декември, ООУ Рампо Левката – Прилеп го заокружи со уште една успешна хуманитарна акција во соработка со Детската амбасада „За сите деца во светот”, со желби во годината која иде да има се помалку деца, на кои ќе им бидат потребни вакви средства.
Секоја чест за директорот, наставниците, учениците и родители за хуманоста!















