|

ОДЛИЧЕН УСПЕХ! ППК “МЛАДОСТ 96” – ПРИЛЕП НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ ПОВТОРНО ОСТВАРИ ОДЛИЧЕН УСПЕХ

Сподели го ова:



















Овој викенд 25-26 март се одржа најпрестижниот турнир во пинг понг во Македонија, станува збор за државното првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки. Првенството се одржа во СЦ Борис Трајковски, а учество зедоа околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава, меѓу нив и ППК “Младост 96”-Прилеп

Поранешниот играч на Младост 96 Кристијан Станојковски кој сега игра за ППК Крива Паланка, по 12-ти пат стана Државен првак на Македонија кој во финалето го победи играчот на Младост Ѓоко Јочкоски со резултат 4-1.





Играчот на Младост 96 Петар Костовски, го освои третото место, бидејќи загуби во полуфиналето од Станојковски со 4-1 во сетови. Во женска конкуренција, Софија Хасану го загуби финалето од Амелија Николов Уце со резултат 4-0. Што се однесува пак до играта на двојки, Стомнароски -Калески го освоија сребрениот медал односно во финалето загубија од парот Богатинов -Л.Стојчев со резултат 3-1. Во женски парови Хасану-Маркоска беа вицешампиони, додека пак Васе Богoеска -Ризоска го освоија третото место.

Резултати од машки поединечно на Државното првенство во пинг понг 2023.
1. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка – Крива Паланка
2. Ѓоко Јочкоски – ППК Младост – Прилеп
3. Петар Костовски – ППК Младост 96 – Прилеп
3. Васко Манасијески – ППК Работнички – Скопје

Резултат од женски поединечно на Државното првенство во пинг понг 2023.
1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа – Штип
2. Софија Хасану – ППК Младост 96 – Прилеп
3. Катарина Лаура Михајлов -ППК Телеком Нец 2 – Скопје
3. Ива Димитриевска – ППК Рисови – Скопје

Резултат од женски двојки на Државното првенство во пинг понг 2023.

1. А. Стојановска – К.Л. Михајлов – ППК Крива Паланка – Крива Паланка и ППК Телеком Нец 2 – Скопје
2. С. Хасану – Е. Марковска – ППК Младост 96 – Прилеп
3. И. Димитриевска – А. Николов – ППК Рисови – Скопје и ППК Шампион Фа – Штип
3. В. Богоеска – С. Ризовска – ППК Младост 96 – Прилеп и ППК Зегин Берово – Берово

Резултат од машки двојки на Државното првенство во пинг понг 2023.
1. С. Богатинов – Л. Стојчев – ППК Шампион Фа – Штип
2. А. Стомнароски – М. Калески – ППК Младост 96 – Прилеп
3. Т. Кировски – Х. Јованов – ППК 10 60 Ѓорче Петров и ППК Рисови – Скопје
3. Д. Жоговски – Р. Михајловски – ППК Телеком Нец 2 – Скопје

Резултат од мешани двојки на Државното првенство по пинг понг 2023.
1. К. Станојковски – А. Стојановска – ППК Крива Паланка – Крива Паланка
2. Ф. Младеновски – А. Николов – ППК Шампион Фа – Штип
3. А. Стојановски – С. Стојановска – ППК Крива Паланка – Крива Паланка
3. Ѓ. Јочкоски – С. Хасану – ППК Младост 96 – Прилеп



Сподели го ова:

Слични објави