Од утре, Македонија ќе ја зафати пороен дожд
Како што соопшти УХМР, во среда и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови, ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни. Веќе во четврток, во нашата земја ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота, времето целосно ќе се стабилизира, а од недела повторно се очекуваат нови врнежи.















