Од 3-ти септември во 3D Кино – Битола – „ЈУГОТО ОДИ ВО АМЕРИКА“
ПРАШАЊЕ ЗА СИТЕ ЈУГОНОСТАЛГИЧАРИ!
Дали Југото беше најдобрата… или најлошата кола на сите времиња?
За едни -симбол на едно време, првата кола, патувања, море и безброј спомени.
А патувањето ќе ги однесе и многу подлабоко- до сопствените спомени, корени и личната историја нераскинливо поврзана со едно мало, но легендарно автомобилче.
Но што се случува кога едно Југо ќе тргне од Њујорк до Лос Анџелес?
„ЈУГОТО ОДИ ВО АМЕРИКА“
Четворица милениумци, родени во 90-тите во СР Југославија, тргнуваат на необично патување низ 24 сојузни држави, со едно старо југословенско Југо.
По патот ќе ги запознаат луѓето кои учествувале во увозот на Југото во Америка во 80-тите, денешните југофанатици, Американци и емигранти од постјугословенските држави.
А патувањето ќе ги однесе и многу подлабоко – до сопствените спомени, корени и личната историја нераскинливо поврзана со едно мало, но легендарно автомобилче.
Па, на чија страна сте вие?
Најдоброто или најлошото Југо на сите времиња?


















