НАВИСТИНА ПРЕТЕРАВТЕ: Во Прилеп скоро 100 денари за 1 кг. банани
Празничните денови во Прилеп и прилепско направија да скокнат цените на пазарот, и по прилепските маркети. Голем број на револтирани граѓани се обратија до СТАНИЦА.МК, се со цел да го искажат својот револт во однос на високите цени на овошјето (со исклучок на портокалите).
На градскиот пазар во Прилеп и поголемите прилепски маркети, цената за 1 килограм банани изнесува од 95 до 105 денари – посебно за оние посвежите, што навистина создаде револт кај прилепските граѓани.
Инаку бананите се најзастапените овошки низ светот, па така и кај нас, присутни на пазарот се скоро во сите годишни времиња, доста се корисни за човековото здравје, меѓутоа за прв пат достигнуваат цена од 95 до 105 денари за килограм.