Наскоро граѓаните повторно ќе одмораат! Следува уште еден неработен ден
Овој месец ни претстои уште еден неработен ден. Имено, големиот празник Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица кој е на 28 август (четврток) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјава.
Сето тоа подразбира дека наскоро граѓаните повторно ќе одмораат, а некои од нив бидејќи овој неработен ден е во четврток, ќе си го поврзат со петокот и ќе одат на продолжен викенд, со цел малку да одморат од своите работни обврски.