ПРИЛЕПЧАНКА ИЗГРЕБА “ГРЕПКА” И СИ ДОБИ 50.000 ДЕНАРИ: Не се многу, ама се доволно за еден убав зимски одмор некаде на скијање!
Среќата е под прстите e мотото на Жаклина Тодорчевска Милошевски од Прилеп. Таа на големиот верски празник Водици, го купила среќниот инстант лоз 7×7 кој и донел 50 000 денари во продажното место Тобако плус од Прилеп.
Верува во среќата и ќе продолжи да игра и да се надева на уште поголеми добивки – истакнуваат од Државна лотарија на Македонија.