Момче од 20 годишна возраст е втората жртва во сообраќајката на патот АЗ Битола- Ресен кај Макази
Денеска(18.08.2025) во 13:09 часот настана ообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште. Несреќата се случи помеѓу опел со охридски регистраски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки кое што било управувано од страна на 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија.
Во “Опелот” биле две лица на 20 годишна возраст од Охрид, од кое едното починало во Клиничка Болница Битола“.


















