МИЛЕВСКИ: Најважно за граѓаните е намалување на бирократијата и подобрување на услугите

Сподели го ова:





























Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски беше дел од јавната расправа каде истакна дека тој ќе го пренесе мислењето и очекувањата на граѓаните кои произлегле од средбите кои што тој како пратеник ги имал.

„Сепак граѓаните се многу среќни, од она што јас како пратеник и честите средби со граѓаните во Битола го разговараме, и од она што може да се види од нивното поимање за сето ова што се случува во делот на овој реформски пакет закони, пред се секако ги очекуваат услугите на дигитален паричник, електронска потврда на своите атрибути, електронски записници, електронскиот потпис, печатот на далечина, нормално сертификацијата и сето ова го очекуваат што побрзо за да се почувствуваат повеќе европски, поблиску до стандарот во кој што живеат граѓаните во Европската унија, односно во западните држави… Предлог законот за архивски материјал и архивска дејност кој што исто така е многу важен и на кој што јас ете претходно како вршител на други функции во интерес на граѓаните сум се соочил со застарен начин на функционирање на архивирањето или архивската граѓа, водењето на тие постапки, на тој начин мислам дека унифицирањето во тој дел е многу важно… Пак ќе кажам на крајот најважно за граѓаните е намалување на бирократијата и подобрување на услугите, додека во исто време ќе се осигураат за заштитата, важноста и сигурноста на документите со кои што се обраќаат, комуницираат помеѓу себе и граѓаните, но и со институциите, така што силно ги поддржувам и јас како пратеник, но и граѓаните. Општиот впечаток е дека сите сакаат намалување на гужвите, намалување на трошење на време, чекање пред инститции, секако тоа го кажавме и на прес конференција дека многу скапа валута во ова време е човечкото времне, односно времето на секој наш граѓанин, на секој поединец – истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски.




Сподели го ова:

Слични објави