МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори

Сподели го ова:






























Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ќе биде апсолутен победник на локалните избори кои треба да се одржат во првата половина на октомври, годинава, истакна премиерот Мицкоски. Воедно, самиот тој се повика на партиските анкети на јавното мислење, врз основа на кои нивната предност е 4:1 во однос на вторангираната партија.

Очекувам за нешто повеќе од седум месеци од денеска, да отпочне официјално кампањата – таму некаде првата половина на октомври да се случи првиот и вториот круг на локалните избори. Јас сум реален оптимист дека коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која што ќе биде апсолутен победник, врз основа на мерењата која што ние ги имаме. Сега ќе видиме на терен како ќе биде и каква е волјата на граѓаните. Но ние правиме редовно секој месец, најмалку две, а понекогаш и три мерења на јавното мислење преку одредени атрибути кои што ги тестираме преку одредени политики, да видиме дали сме на прав пат или не сме. И ценам дека досега од тие бројки кои што ги имаме од месец во месец сме се подобри. Јануари беше подобар од декември кој што беше најдобар. На последната теренска анкета која што ја добив рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше над 30 проценти, а втората партија беше со рејтинг од 6,8 проценти. Така што сега ако порано зборувавме за предност од 3:1, сега е повеќе од 4:1, и очекувам тој тренд да расте до одредено ниво и потоа да се стабилизира бидејќи ќе биде исцрпен капацитетот, тоа е волуменот на гласачи – истакна Мицкоски на новинарско прашање.




Сподели го ова:

Слични објави