Мицкоски: Ултиматуми не прифаќаме, Бугарија сака да ја вовлече темата Македонија во нивното предизборие
Ултиматуми не прифаќаме, Бугарија сака да ја вовлече темата Македонија во нивното предизборием – ние во такви замки нема да влегуваме – истакна премиерот Мицкоски, при што додаде:
“Имаме цел и интерес кон кои чекориме. Понудата од актуелниот претседател на Унгарија Виктор Орбан, е дадена во име на претседателствувањето со Европската Унија. Сега чекаме кој какви сигнали ќе испрати од Бугарија. Нашиот сигнал е јасен, сакаме решение, но достинствено. Ултиматуми не прифаќаме – порача Мицкоски.
Вака одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето во однос на ставот на бугарското МНР дека прашањето на процесот на евроинтеграции се заснова на сопствени заслуги, и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.